Одбиени сите тужби од Алијанса и Алтернатива и на Интегра, потврдени решенијата на ДИК

23.07.2020 12:55

Вкупно досега се поднесени 185 тужби. Во тек се јавни расправи поподнесените 102 од Левица. Две тужби има и од коалицијата предводена од ВМРО - ДПМНЕ, по една од СДУ и Единствена Македонија, две од Демократи и уште една од МОРО Работничка партија.

Управниот суд ги одби сите тужби од коалицијата Алијанса и Алтернатива, на политичката партија Интегра и на едно физичко лице. Се одбиваат како несоновани и се потврдуваат решенијата на Државната изборна комисија.

Вкупно досега се поднесени 185 тужби. Во тек се јавни расправи поподнесените 102 од Левица. Две тужби има и од коалицијата предводена од ВМРО - ДПМНЕ, по една од СДУ и Единствена Македонија, две од Демократи и уште една од МОРО Работничка партија.

По одлуките, Државната изборна комисија ќе треба да ги соопшти конечните резултати од изборите. Согласно законските рокови, најдоцна до 4-ти август треба да се конституира новиот парламетнарен состав, а најдоцна за десет дена потоа се очекува претседателот Пендаровски да го додели мандатот на оној кој ќе формира мнозинство од најмалку 61 пратеник.