Во тек рочиштето за „Меѓународен сојуз“, воведни зборови даде Јовановски
Во тек е рочиштето за „Меѓународен сојуз“ каде воведни зборови даде Бојан Јовановски. Тој меѓудругото рече дека проектот за изградба на станови не бил никаква измама или криминал туку реален проект, и дека ниту денар не земале од државата.

Идеен творец на проектот била пензионерката Лилјана Тодоровска, која била и дел од Собранието. Во доказната постапка ќе слушнете како Мила Царовска, пензионерката со проектот ја упатува кон мене. А бизнисменот Ардијан Амзовски, доколку не го видеше Александар Кирацовски, немаше да го прифати проектот, рече Бојан Јовановски.
Мојот договор со ГП Пелистер не падна од небо туку беше преку посредници, а вистиниските посредници ќе се дознаат преку кривичните пријави, додаде Јовановски.