ДКСК ќе го испитува вработувањето на сестрата на Катица Јенева
24.07.2020 10:23
Според антикорупционерите, пред две години, Лиле Делиџакова не требало да биде вработена во Комисијата за хартии од вредност, бидејќи не ги исполнувала условите и немала комплента документација во пријавата.

Државната комисија за спречување корупција ќе го испитува вработувањето на сестрата на екс шефицата на СЈО, Катица Јенева. Според антикорупционерите, пред две години, Лиле Делиџакова не требало да биде вработена во Комисијата за хартии од вредност, бидејќи не ги исполнувала условите и немала комплента документација во пријавата.
Делиџакова е предложена од Владата, а изгласана од Собранието, но според надлежните, ова е класичен пример за корупција во највисоките државни кругови и затоа мора некој да понесе одговорност.
