Градежништво

Корона- кризата ја намали продажбата на становите

29.07.2020 14:21

Понудата на станови е добра, но побарувачката стагнира. Според градежниците, цената на станбениот квадратен метар ќе остане иста, иако цената на репроматеријалите поскапува. Во Скопје таа се движи од 1.000 до 1.250 евра за квадратен метар...

Неизвесноста предизвикана со Ковид- 19 ја намали продажбата на становите. Градежниците децидни- од една страна има мораториум на градби од друга тешка комуникација со администрацијата во општините која ги кочи постпаките за градба. Велат, за една исправка на документ се чека дури и по три месеци. Бараат од Владата решенија за излез од ваквата состојба.

Понудата на станови е добра, но побарувачката стагнира. Според градежниците, цената на станбениот квадратен метар ќе остане иста, иако цената на репроматеријалите поскапува. Во Скопје таа се движи од 1.000 до 1.250 евра за квадратен метар.

Претходно и Здружението на градежништво при Стопанската комора посочи дека условите за работа на градежните компании се усложнуваат. Оттаму посочуваат дека кај градежните компании владее страв заради проблеми со наплата на побарувањата, и од друга страна заради финансиските обврски на компаниите.

Според Заводот за статистика, лани биле изгардени над 3.900 станови, со просечна квадратура од 65 квадратни метри. Најголемиот дел од становите биле изградени во скопскиот регион.

И статистика бележи помалку издадени дозволи за градба во споредба со претходната година. Во мај годинава се издадени 27,5 % помалку во однос на истиот месец од претходната година. Од вкупниот број издадени одобренија за градење најголемиот дел биле наменети за објекти од високоградбата.

 

Дијана Ценевска