УХМР: Нестабилно и посвежо време со врнежи од дожд и грмежи

06.08.2020 11:26

Од утре температурата ќе биде во благ пораст, а нестабилно ќе биде претежно во попладневните часови, информираат од УХМР.

Продолжува периодот на променливо облачно, нестабилно и посвежо време со врнежи од дожд и грмежи. Денеска локално процесите ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме и со пообилен пороен дожд, наместа и над 30 литри на квадратен метар и силен ветер, електрични празнења и изолирана појава на град.

Од утре температурата ќе биде во благ пораст, а нестабилно ќе биде претежно во попладневните часови, информираат од УХМР.

При краткотрајни интензивни врнежи е можно и локално брзо зголемување на водостојот на помалите реки и суводолиците. Во такви околности, од Управата предупредуваат на внимателно движење покрај помалите реки и суводолиците.