Течат разговорите за формирање нова влада

06.08.2020 11:48

Лидерот на СДСМ, Заев веќе се сретнал со претседателот на ДУИ Ахмети, на ДПА Тачи, со лидерот на Алијанса на Албанците Села и со првиот човек на Алтернатива- Гаши. Разговори има и меѓу работни групи.

Разговорите за формирање нова влада меѓу партиите течат, но засега се уште никој официјално не се изјасни дали постигнал договор. Лидерот на СДСМ, Заев веќе се сретнал со претседателот на ДУИ Ахмети, на ДПА Тачи, со лидерот на Алијанса на Албанците Села и со првиот човек на Алтернатива- Гаши. Разговори има и меѓу работни групи.

Од ДУИ велат дека засега нема никаков договор за коалиција ниту со СДСМ ниту со ВМРО-ДПМНЕ. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски најави дека ќе има средби со останатите партии во претстојниот процес на формирање на парламентарното мнозинство, но не открива детали со кого и за што преговара.

Од Кабинетот на претседателот порачаа дека Пендаровски нема да кани никого на разговор, туку ќе го чека исходот од преговорите меѓу политичите партии.