Општина Чаир отвора нов јавен повик за уривање на дивоградбата кај „Мавровка“

06.08.2020 11:51

Доколку и на вториот повик нема пријави, според Законот за јавни набавки, се скратуваат роковите на постапката. Од Општина Чаир уверуваат дека се цврсто решени оти нелегалниот објект треба да се урне.

Денеска Општина Чаир отвора нов јавен повик кој ќе трае 7 дена, со истите критериуми, откако вчера ниту една фирма не се пријави за уривање на дивоградбата кај трговскиот центар „Мавровка“. Од Општина Чаир потврдија дека идниот четврток ќе бидат отворени евентуалните понуди од економските оператори. Се очекува целата постапка да се заокружи за еден месец.

Доколку и на вториот повик нема пријави, според Законот за јавни набавки, се скратуваат роковите на постапката. Од Општина Чаир уверуваат дека се цврсто решени оти нелегалниот објект треба да се урне.

Поминаа и 8-те работни дена од јавниот повик објавен во Службен весник - сопственикот на дивоградбата сам да ја  отстрани, што не се случи. Засега безуспешна е и истрагата на МВР за негово пронаоѓање. Од Обвинителството велат дека чекаат полицијата да ја комплетира истрагата и да ги известат.