Во земјава 3.557 активни случаи со Ковид-19
Сѐ уште најмногу нови случаи се бележат во Скопје, а по општини во Чаир има најголем број заразени- 168. На Инфективната клиника се хоспитализирани 88 пациенти. На кислородна поддршка е 51 пациент, еден е на механичка вентилација.

Во земјава се активни 3.557 случаи на заразени со Ковид-19. Од почетокот на епидемијата досега се регистрирани нешто повеќе од 11 илјади случаи на заболени лица, се излекуваа над 7.200 лица, а починаа 511.
Сѐ уште најмногу нови случаи се бележат во Скопје, а по општини во Чаир има најголем број заразени- 168. На Инфективната клиника се хоспитализирани 88 пациенти. На кислородна поддршка е 51 пациент, еден е на механичка вентилација.
Во Козле се хоспитализирани 11 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19 и пет деца, како и двајца пациенти суспектни на вирусот. Во „8 Септември“ вкупно се хоспитализирани 79 пациенти. На респиратор се четири пациенти.
Во битолската и штипската болница има вкупно 74 пациенти, а на инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се лекуваат 124 пациенти, позитивни и сомнителни на Ковид-19.
