Продолжува состанокот на Комисијата за заразни болести и МОН за протоколите за наставата

11.08.2020 11:26

Вчера не беше донесена одлука за стартот на учебната година, но главната насока е задолжително носење заштитна опрема и одржување растојание. Конечниот збор ќе го има Министерството за образование...

Ќе има ли денеска одлука како ќе се одвива наставата во новата учебна година од први септември?! Комисијата за заразни болести го продолжува состанокот. Вчера не беше донесена одлука за стартот на учебната година, но главната насока е задолжително носење заштитна опрема и одржување растојание. Конечниот збор ќе го има Министерството за образование.

Паралелно, расте притисокот од родителите наставата да се одржува на интернет. Во меѓувреме, се чека зелено светло за почнување со работа и на градинките. И за нив денеска треба да се прецизирааат деталите на состанокот на Комисијата за заразни болести.

Протоколи за воспитно-образовните установи има уште од крајот на мај. Најверојатно и градинките ќе старуваат заедно со училиштата од септември.