Состанокот за протоколите за настава е одложен
Иако беше најавувано дека на 10-ти август ќе бидат финализирани протоколите за почеток на учебната година во услови на пандемија, состанокот вчера заврши без заклучоци, но со известување дека ќе продолжи денеска.

Состанокот на кој требаше да се утврдуваат протоколите и моделите за начинот на реализирање на наставата од 1-ви септември не се одржа. Комисијата за заразни болести и работната група на Министерството образование не се состанаа, одложија за утре, потврдуваат членови од Комисијата за заразни болести.
Иако беше најавувано дека на 10-ти август ќе бидат финализирани протоколите за почеток на учебната година во услови на пандемија, состанокот вчера заврши без заклучоци, но со известување дека ќе продолжи денеска.
Министерството за здравство информираше дека разговорите продолжуваат со цел да се изнајде и договори најдобро и најбезбедно решение за начинот на одвивање на наставата и дека финалната одлука за начинот на одвивање на наставата ќе ја има Министерството за образование и наука.
