Сообраќај: Неопходна е култура и почитување на прописите

11.08.2020 13:58

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, МВР, Мотоциклистичката федерација и Црвен крст – Скопје организираа мото-дефиле и симулација на сообраќајна незгода со повреден мотоциклист. Целта е подигнување на свеста за поголема безбедност на мотоциклистите во сообраќајот. Надлежните апелираат за почитување на сообраќајните правила и прописи, граѓаните велат- немаме сообраќајна култура...

132- ца загинати и над пет илјади повредени во сообраќајни несреќи е црниот биланс на македонските патишта во изминатата година. Ова е  последица од неодговорното однесување, велат надлежните. И граѓаните признаваат, сообраќајна култура е на многу ниско ниво.

Во летните месеци, кога температурите се високи, двојно се зголемува бројот на сообраќајни несреќи со загинати и повредени. Од Републичкиот совет за безбедност на патиштата апелираат на поголема внимателност на учесниците во сообраќајот.

Жртви сме на непочитување на сораќајните правила, но и на лошата сообраќајна инфраструктура, велат од Мотоциклистичка федерација.

Наташа Гркова- Петрушевска