Казни за 511 граѓани кои не носеле лична заштита на лице

12.08.2020 10:21

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата...

Во текот на изминатото деноноќие (11/12.08.2020 година) на територијата на Република Северна Македонија по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 511 прекршоци.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид -19.