Заев официјално ја презеде функцијата премиер од Спасовски

31.08.2020 13:41

При примопревадањето, премиерот Заев оцени дека во изминативе девет месеци, преодната влада предводена од Спасосвки, успешно се справила со здравствено-економската криза, предизвика од пандемиајта. Спровела успешни избори и постигнала членство во НАТО, и добила покана за почеток за преговори со ЕУ.

Претседателот на владата Зоран Заев, изутринава ја презеде функцијата од досешаниот технички премиер Оливер Спасовски. При примопревадањето, премиерот Заев оцени дека во изминативе девет месеци, преодната влада предводена од Спасосвки, успешно се справила со здравствено-економската криза, предизвика од пандемиајта. Спровела успешни избори и постигнала членство во НАТО, и добила покана за почеток за преговори со ЕУ.

Спасовски се врати на функцијата министер за внатрешни работи по преземањето на функцијата во МВР, од досегашниот Агим Нухиу. Во министерската фотеља во правда седна Бојан Маричиќ, кој се очекува да ги води клучните преговори за членство во ЕУ, спроведувајќи ги реформите во правосудството.

Во владата, функциите ги презедоа и новите видепремиери за политички систем и за борба против корупцијата, Артан Груби и Љупчо Николовски. Примопревадање имаше и во преостанатите министерства за образование, култура, транспорт и врски и земјоделство.

Новиот владин кабинет оствари средба и со претседателот Пендаровски.