Најпогодените компании од корона- кризата бараат директна финансиска помош
Компаниите се во тешка состојба и тонат во долгови поради корона- кризата, велат од сојузот на стопанските комори. Бараат од државата, директна финансиска помош. Министерот Бектеши ветува помош, но сѐ уште се прават проценки. Средства за новиот економски пакет ќе се обезбедат со ребаланс на буџетот...

Директна финансиска помош за најпогодените компании од пандемијата бараат од Сојузот на стопанските комори. Оттаму посочуваат дека фирмите немаат приходи и сѐ повеќе тонат во долгови. Бараат четвртиот пакет економски мерки да биде пообемен за да се избегне губење на работните места и затворање на претпријатија кои со години опстојувале на пазарот. Бараат итно носење на протоколи за секоја дејност.
Министерот Бектеши ветува помош, се прават проценките. Средставата за новиот пакет економски мерки, вели ќе се обезбедат со ребалансот на буџетот кој се очекува наскоро. Речиси 80 проценти е искористеноста на парите од третиот пакет, според ресорниот министер и преостанатите средства ќе се доискористат.
Економските аналитичари велат дека се потребни повеќе пари за образование и за плати.
И министерот за финансии Бесими претходно посочи дека главен приоритет во наредниот период ќе биде ублажувањето на ефектите од ковид- кризата. Фокусот ќе биде ставен во привлекување финансиски средства од надворешни извори на финансирање, како и мобилизирање на слободните финансиски средства од домашниот финансиски пазар со цел финансиска и монетарна стабилност.
Дијана Ценевска
