Постигнат договор помеѓу партиите за распределба на комисиите во Собранието
Падна договор меѓу парламентарните партии во Собранието за распределба на работните тела. Надминато недоразбирањето меѓу ДУИ и Беса. Интегративците ја добиваат Комисијата за европски прашања, а Беса ќе раководи со култура. СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ќе раководат со по осум комисии...

Најверојатно утре ќе заседава собраниската Комисијата за прашања на изборите и именувањата со која претседава пратеникот Костадин Костадинов, од СДСМ и на која на дневен ред ќе биде составот на парламентарните комисии. Пратениците во Собранието постигнале договор за тоа која пратеничка група со која комисија ќе претседава.
Пратениците од СДСМ ќе претседаваат со осум собраниски комисии, од опозициската ВМРО-ДПМНЕ исто така со осум, ДУИ со три вклучувајќи ја и Комисијата за уставни прашања, со која претседава претседателот на Собранието, пратениците од Алијанса за Албанците и Алтернатива ќе претседаваат со две комисии, а Беса со една.
Собранието на Република Северна Македонија иако конституирано не можеше да ја започне својата работа по законските текстови бидејќи парламентарните партии не можеа да постигнат договор за претседавањето со парламентарните комисии.
