Седницата за избор на составот на собраниските тела в понеделник

11.09.2020 12:23

Во понеделник на пленарна сесија законодавниот дом ќе даде виза за работните тела на Собранието, најави спикерот Талат Џафери. Тој ја нагласи потребата од измени на Деловникот со што би се предвидела можноста за функционирање во вонредни состојби, како што е Ковид- 19...

Претседателот на Собранието Талат Џафери за понеделник напладне ќе закаже седница на која на дневен ред ќе биде избор на составот на работните тела на Парламентот, а потоа верификација на мандат на пратеник на местото на министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска.

Џафери на брифингот со новинари кажа дека на оваа седница нема можност за други точки на дневен ред бидејќи материјалите треба да поминат на комисии.

Инаку, во Собранието досега се пристигнати законските предлози на Владата за основно и средно образование, како и петте одлуки за вонредната спстојба од претседателот на државата Стево Пендаровски.