Апликација за откривање „Африканска свинска чума“
Ловџиите, планинарите и рекреативците ќе можат брзо и едноставно да пријавуваат угинати диви свињи за полесно откривањето на добиточната болест Африканска свинска чума. Тоа ќе може да го сторат со бесплатната телефонска апликација изготвена од Светската организација за храна-ФАО. Оваа болест е смртоносна и за домашните и за дивите свињи...

Ловџиите, планинарите и рекреативците, чуварите и секој кој се движи низ шумите со наоѓањето и пријавувањето на трупови на диви свињи може многу да помогне во откривањето на болеста африканска свинска чума.
За раното детектирање на болестa, Организацијата за земјоделство и храна на Обединетите Нации – ФАО, изготви бесплатната мобилна апликација со која за неколку секунди може да се извести за пронајдени и угинати диви свињи на подрачјето на Балканот и подалеку.
Болеста не е опасна за луѓето. Таа се пренесува со природната миграција на дивечот, а вирусот е подеднакво смртоносен и за домашните и за дивите свињи.
Од 2007 година почнува постепено се шири почнувајќи од Грузија, за понатаму да се појави во повеќе држави во Европа. Денес е присутна и во нашиот регион. Бугарија, Грција, Романија и Србија имаат пријавено епидемии, а се заканува нејзино проширување и низ целиот Балкан. Доколку не се открие навреме, смртоносната болест носи огромни економски трошоци, значителни нарушувања на трговијата и сериозно влијае на егзистенцијата во руралните средини.
Методија Трајков
