Османи- Жбогар: Сите административни капацитети во функција на реформите за членство во ЕУ
Двајцата соговорници се согласиле дека политиката на ЕУ за проширувањето и можноста низ процес на усогласување да се прифатат ЕУ стандардите е од исклучителна важност за земјите од регионот...
„Со цел унапредување на владеењето на правото, правната држава и животните услови и стандарди на граѓаните, сите административни капацитети се ставени во функција на спроведување на реформите со ЕУ предзнак и се надеваме дека во Европската унија ќе продолжиме да имаме искрен и посветен партнер за исполнување на критериумите за членство“, истакнал шефот намакедонската дипломатија Бујар Османи на прошталната средба со шефот на делегацијата на ЕУ во земјава Самјуел Жбогар.
Двајцата соговорници се согласиле дека политиката на ЕУ за проширувањето и можноста низ процес на усогласување да се прифатат ЕУ стандардите е од исклучителна важност за земјите од регионот на Западен Балкан, придонесува за одржување на нивната стабилност и економски развој.
