Зголемена побарувачка за струмичките градинарски производи

11.09.2020 14:10

Сезонава Европа бара килограм повеќе од струмичкото производство. Продолжува трендот на голема побарувачка за струмичките градинарски производи. И производителите потврдуваат дека продолжува големиот интерес за вторите градинарски култури од регионот и притоа не го кријат задоволството од постигнатите откупни цени.

Сезонава, на европските пазари се бара килограм повеќе од струмичката ајварка. Извозвот во време на пандемија не само на куртовата капија туку и на целото есенско производство е без проблемите со кои се соочуваа откупно извозните компании изминатрите години. Дури и цената е 50 отсто повисока од просечната отркупна од минатите сезони.

Земјоделците задоволни како од квалитетот така и од пласманот на ајварката , која дел завршува на пазарите свежа , а не мал процент се зема од конзервно преработувачките капацитети од југоистокот.

Витанов смета дека окрупнувањето на земјиштето ќе донесе уште поотворени европски пазари каде ќе се нуди далеку подобар квалитет , но и контролирано произвоство.

Ајварката годинава се откупува по цена од 30 до 35 денари денари која се пласира како свежа на пазарот , додека пак индустиската капија , компаниите ја откупуваат по цена од 20 до 25 денари по кило. Куртовата капија годинава во Струмичкиот регион е засеана на над 2 илјади хектари и обично се одгледува на површините кои претходно се садат со пролетна зелка.

Стојне Митева