В понеделник седница за избор на составот на собраниските тела

11.09.2020 15:28

Во понеделник на пленарна сесија законодавниот дом ќе даде виза за работните тела на Собранието, најави спикерот Талат Џафери. тој ја нагласи потребата од измени на деловникот со што би се предвидела можноста за функционирање во вонредни состојби, како што е Ковид- 19.

Собранискиот спикер Талат Џафери по усогласените ставовите меѓу власта и опозицијата за работните тела и кој со која комисија ќе раководи, свика седница за в понеделник. Сѐ уште неизвесно дали и како ќе гласа пратеникот Арбен Зибери, кој е на инфективна. Ќе се знае откако ќе му биде соопоштен резултатот, а се очекува во текот на денот да биде пуштен од болница, посочи Џафери.

Иако не очекува, но, ако добие предлог од владата за укинување на патните трошоци, како што рече, ќе предложи сите да се откажат од службените возила и да доаѓаат со тротинети на работа. Според собранискиот спикер, поединечно барање на пратеник или фунционер се коси со Уставот.

Џафери потенцираше дека со завршувањето на мандатот на претходниот состав, сите предлог- закони завршиле. Сега пратениците ќе работат на донесување нови предлог- закони. Во Собранието веќе пристигнати предлозите за измени на законите за основно и средно образование и одлуките од претседателот за прогласување вонредна состојба.

Наташа Гркова- Петрушевска