Случаи на Ковид-19 во детски градинки
Коронавирус се појави во две детски градинки, во Битола и во скопски Центар. Во објектот „Коца Василевска“ во градот на конзулите, во изолација се ставени деца од групата и колеги на заболена негувателка. За децата од другите групи е проценето дека нема опасност и за нив вратите в понеделник ќе бидат отворени. Во градинката „Раде Јовчевски – Корчагин“, пак, вработената немала контакт со најмалите. Доколку до недела нејзините колеги не покажат симптоми, објектот ќе продолжи да работи...

Само по три дена од отворањето на градинките се појавија првите позитивни случаи со Ковид- 19 кај вработените. Позитивната атмосфера почна да спласнува по вчерашната информација дека во битолската градинка „Коца Василева“, која е еден од седумте клонови на централната градинка „Мајски Цвет“, позитивна е една негувателка, а под лекарски надзор и изолација ставени се пет деца три воспитувачки и две негователки.
Претпоставените велат дека присебноста кај родителите била на високо ниво. Средбите помеѓу негователките биле кратки и се случиле пред отворањето на градинката која максимално се приджува до превентивниот правилник.
Во гадинката, која според новите протоколи може да згрижи сто деца деновиве оделе шеесетина. По преземените нови заштитни мерки, велат дека од понеделник нема да има прекин во згрижувачкиот процес.
Вториот позитивен случај е во скопската градинка „Раде Јовчевски Корчагин“, но се работи за вработена која не била на работното место од отварањето на гадинката и немала никаков контакт со деца или колеги.
Според последните информации најнов позитивен случај на заразен има и кај вработен во градинка во Свети Николе.
Стевче Митревски
