Се комплетира извршната власт

14.09.2020 11:09

Деновиве ќе бидат познати персоналните решенија за заменик- министрите и државните секретари. Вицепремиерот Груби, официјално ги потврди имињата на само петмина заменици, предлози на ДУИ. Од СДСМ велат дека се во тек партиските консултации...

Владината коалиција ги договорила заменик- министерските места и државните секретари. ДУИ ќе има пет заменици на ресори - во МВР, одбрана, транспорт и врски, здравство и правда – обелодени вицепремиерот Артан Груби. Двајца државни секретари се веќе решени, во Mинистерството за култура и за политички систем, за уште тројца треба да се знае иднава недела. Паднал договор и за дел од директорските позиции.

Груби рече дека ќе работи за добро на граѓаните, за отстранување на верската нетрпеливост, но потенцираше дека најважната обврска е спроведувањето на Охридскиот Рамковен договор, обезбедување потполна рамноправност и кохезија за сите граѓани, како и систематизирањето на работните места на 1.300 вработени во неговиот ресорот.

Насер Зибери ќе биде дел од мојот тим, рече Груби. Тој негираше дека имало физичка пресметка со владиниот генеранелен секретар Драги Рашковски и тврди дека е цел на напади и лажни вести за да се внесе раздор меѓу коалициските партнери.

 

Миле Ристески