Евроинтеграции

Бугарија е против меѓувладина конференција

24.09.2020 11:19

Официјална Софија со нова најава- не се спротивставуваме, само не е време да се закаже прва меѓувладина конференција Македонија- ЕУ. Вицепремиерот и министер за одбрана Каракачанов изјави дека „зборува во име на владата“...

По меморандумот до Европската унија, официјална Софија со нова најава-„ќе кажеме дека не е време да се закаже прва меѓувладина конференција“, изјави вицепремиерот и министер за одбрана Каракачанов, за ТВ Европа, нагласувајќи дека „зборува во име на владата“.

Бугарија смета дека Македонија не го почитува билатералниот договор за пријателство.

Според Каракачанов, поранешниот министер за надворешни работи Никола Димитров, три години не сторил ништо за подобрување на билатералните односи.