КАРИЕРА

Кои три прашања ги поставува Џеф Безос при вработување нови работници?

28.09.2020 11:16

Џеф Безос е најбогатата личност на светот. Неговиот финансиски успех е предмет на безброј написи и истражувања. Но, она за што помалку се зборува е еден клуч за тој успех: Практики за вработување во Амазон.

Безос во Писмото до Акционерите непосредно откако компанијата излезе во јавноста вели:  „Поставувањето високо ниво на нашиот пристап кон вработувањето беше, и ќе продолжи да биде, единствениот најважен елемент за успехот на Амазон.

Секој што аплицира за работа во Амазон треба да знае дека очекувањата се големи. „Не е лесно да се работи тука. Бидејќи Амазон се подготвува да ангажира над 100.000 вработени низ САД и Канада во наредните месеци, барателите на работа треба да бидат свесни за квалитетите што ги бара компанијата“ вели Безос.

Безос и неговиот тим за вработување сè уште ги разгледуваат кандидатите во однос на три широки прашања што тој ги изложи во оригиналното писмо до акционерите уште во 1998 година.

Трите водечки прашања што Безос се:

1.Дали ќе и се восхитуваат на таа личност?

Безос бара луѓе кои се повеќе од компетентни. „Отсекогаш се трудев да работам само со луѓе на кои им се восхитувам“, забележува Безос. „Ако размислите за луѓето на кои сте им се восхитувале во текот на животот, тогаш ќе забележите дека тоа најверојатно се луѓе од кои сте можеле да научите нешто ново“. Оние на кои се восхитувате честопати се „во право “ , но истите тие се добри слушатели и подготвени се да ги прифатат вашите сугестии. Овие  луѓе постојано размислуваат за   проблемот за кој мислеле дека веќе го решиле. Тие се отворени за нови гледишта, нови информации, нови идеи, противречности и предизвици за сопствениот начин на размислување.

2. Дали таа личност ќе го подигне нивото на ефективност на групата во која влегува?

Безос бара кандидати кои ќе ја зајакнат организацијата. Ги замолува луѓето да ја визуелизираат компанијата за пет години од сега. Особено важно за него е вработените да го подигнат нивото на групата во која влегуваат.

При интервјуирање на кандидати, Амазон разгледува како таа индивидуа се мери во согласност со 14-те принципи на лидерството на Амазон. Секој што се подготвува за интервју, треба да ги совлада овие принципи и да има примери кои покажуваат како нивните квалификации се вклопуваат во оваа филозофија.

Кандидатите ќе бидат прашани како тие предизвикуваат промени во нивната група? Уште  едно прашање што тие често го поставуваат е: „На кој начин можете да издејствувате промена?“ или „Опишете ситуација кога треба да донесете одлука без податоци?“

3. Дали кандидатот за вработување  би можела да биде суперѕвезда?

Третиот квалитет што Амазон го бара кај кандидатите за работа е капацитетот да се биде „суперѕвезда“. Безос објаснува: „Многу луѓе имаат уникатни вештини, интереси и перспективи кои го збогатуваат работното опкружување за сите нас“.

„Суперѕвездите“  за Безос, можат да бидат „малку радикални, малку бунтовни“. Еден од принципите на Амазон е дека „Лидерите размислуваат поинаку и имаат поинаков начин за тоа што можат да им понудат на своите клиенти“.  Најдобрите кандидати секогаш се разликуваат од останатите, затоа се нарекуваат и „суперѕвезди“.

Дијана Гогова