Спасовски за инцидентот во Битола: Да се разгледаат сите факти, па да се носи суд

28.09.2020 14:29

Најпрвин да се разгледаат сите аргументи и факти, па потоа да се носи суд, вели министерот Спасовски за инцидентот во Битола со Ромите. На социјалните мрежи осамна нова снимка, кадешто се гледа дека полициските службеници биле први нападнати. Од Европската комисија велат дека не сакаат да се мешаат во истрагите и за судски процедури што се во тек, но ја осудуваат полициската бруталност...

Ќе се сочекаат сите информации за инцидентот во Битола со Ромите, па потоа ќе се носи суд за настан, изјави министерот за внатрешни Спасовски. Постапката е во фаза на истрага. Не треба да се оправдува насилство, но и да не се генерализира инцидентот. Треба да се издвојат оние полицајци што ги пречекоруваат должностите и да сносат одговорност, дециден Спасовски.

На социјалните мрежи осамна нова снимка од настанот во Битола, кадешто се гледа дека полициските службеници биле први нападнати, па потоа следувала бруталноста кон Ромите.

Од Европската комисија велат дека не сакаат да се мешаат во истрагите и за судски процедури што се во тек, но ја осудуваат полициската бруталност.

Инцидентот во Битола предизвика бура реакции во јавноста. Невладините и политичарите го осудија настанот, а истрагата што се води со сите аргументи, факти и видео снимки, треба целосно да го расветли случајот.  

Игор Панов