Втор случај на заразена воспитувачка во битолска градинка
По негователката од пред три недели, сега воспитувачка е позитивна од Ковид- 19 во битолската градинка „Коца Василева“. Новиот случај, кој е резултат на надворешен кластер, во изолација испрати една нејзина колешка и 13 дечиња...

Само 20-ина дена од првиот, од битолската градинка „Коца Василева“ информират за нов случај. Ово јпат воспитувачка позитивна на Ковид- 19 и нема меѓусебна поврзаност. Новозаразената е резултат на надворешен кластер. По добиените резултати во самоизолација се испратени 13-те деца од групата и една нејзина колешка која била во контакт. Од градинката велат дека негователката додека била присутна на работното место строго ги почитувала протоколите.
По новиот случај и континуираното присуство на Битола во билтенот со новозаболени, се подига свеста за превентивата, посебно кај повозрасните граѓани
Инаку од градинката велат дека до утре објектот ќе биде темелно дезинфициран. Постојано имаат средби со родителите и досега не е забележано да не се излезе во пресрет на родители кои доставиле документација за задолжително присуство на работа.
Во моментов од 400 места педвидени според превентивата, исполнетоста е 55 отсто.
Стевче Митревски
