Учениците логирани, наставниците одржаа пробни часови, падот ќе се санира
Со настојувања, упорност, пробни часови се става во функција националната платформа за настава на далечина. Родителите ги логираа учениците, наставниците со пробни часови, сите ќе се снаоѓаат и со снимени материјали. За падот на националната платформа од Министерството велат дека со тестирања ќе ја стават во функција навреме...

Околу 280.000 ученици во земјава се логираа на националната платформа за настава на далечина. Наставниците денеска, утре повторно, ги одржаа пробните часови со учениците. Искуствата различни, но сепак задоволителни.
Игор Богданоски, наставник по математика, национален обучувач, родител со тројца ученици, еден во средно, двајца во основно, се обидува да најде соодветно решение за сите. Со сопругата се во улога и на наставници и на родители. Како ќе се снајдат? Ако функционира училишната помош во комјутери, ќе може, во спротивно ќе користат и снимена настава.
Денеска учлиштата поделија и свидетелства и учебници.
Со последната владина одлука е одобрена настава со физичко присуство, целосно и делумно, во 229 основни и едно средно училиште.
Елизабета Митреска
