УПОЗ бара повлекување на одлуката за промена на работното време

30.09.2020 13:56

Со носењето на ваквата одлука, сметаме дека Владата не го почитува социјалниот дијалог, соопштија од УПОЗ.

Реакција од Синдикатот на УПОЗ по владината одлука за промена на работното време и бара истата итно да биде повлечена. Оттаму велат дека не биле информирани и консултирани како социјален партнер, бидејќи во Гранскиот колективен договор потпишан во почетокот на годинава, е утврдено дека работното време е флексибилно.

Со носењето на ваквата одлука, сметаме дека Владата не го почитува социјалниот дијалог, соопштија од УПОЗ.

Владата на вчерашната седница реши привремено да ја суспендира одлуката за флексибилно работно време за вработените во државната управа и од утре ќе важи работното време од 8 до 16 часот.