Локални избори во Штип и во Пласница во декември

30.09.2020 15:15

Локалните избори во Штип и во Пласница ќе се одржат во декември, вели министерот за локална самоуправа Милевски. Од ресорот најава и за нова стратегија за рамномерен регионален развој...

За отворени листи на советници во општините се залага ресорниот министер Милевски. Вели дека ќе стимулира поголема отчетност, контрола и избор од граѓаните на претставници што ќе работат за нив. На ова се работи заедно со Министерството за правда и се очекува тоа да се случи следната година.

Поради испразнетите градоначалнички места, избори треба да се одржат во општините Штип и Пласница. Државната изборна комисија ги планира во редовен термин пред новогодишните празници, но Милевски смета дека би било добро да се изнајде начин да се скратат роковите и изборите да бидат порано.

Во ДИК има расположение, но дилемата е во законското решение кое не предвидува предвремени локални избори.

Ресорниот министер за локална самоуправа посочи дека ќе се прават измени во однос на фискалната децентрализација на општините за зголемување на нивниот развој и функционалност. 

 

Фиљана Кока