Расправија на висок тон ја прелила чашата на трите медицински сестри од Инфективна
Расправија на висок тон со колеги ја прелила чашата на трите медицински сестри од Инфективна. Филипче вели дека ова е причината за понудениот отказ. Ги убедил да земат одмор и да размислат за одлуката. Оптимист е дека проблемот ќе се надмине...

Расправија на повисок тон со колеги е причината поради која трите медицински сестри од Инфективната клиника поднесоа оставки, вели министерот Филипче по средбата со нив. Оптимист е дека проблемот ќе се надмине и по завршувањето на одморот ќе се вратат на работа.
Главната медицинска сестра на Инфективната клиника која поднесе оставка, како причина во образложението ги навела деградирањето и непочитувањето на работното место.
Според Здружението на медицински сестри, одливот на овој кадар е деценсиски проблем и овие здравствени работници треба да имаат подобар статус што доколку не биде решен, може по пандемијата да доведе до поглем недостаток.
Филипче вели дека медицинскиот кадар не се деградира, се вложува во него. Посочува дека сестрите од Инфективна кои дадоа оставка му рекле дека не планираат да одат да работат во приватните болници.
Андријана Атанасовска
