Почна учебната година за 270 илјади ученици
01.10.2020 10:14
Училиштата ги отворија вратите, само дел од учениците го слушнаа училишното ѕвонче, меѓу нив и 19 илјади првачиња. За некои настава со физичко присуство, преостанатите пред комјутер и ТВ екраните...

Почна учебната година за 270 илјади ученици. Училиштата ги отворија вратите, само дел од учениците го слушнаа училишното ѕвонче, меѓу нив и 19 илјади првачиња. За некои настава со физичко присуство, преостанатите пред комјутер и ТВ екраните.
Пандемијата наметна нови правила и низа протоколи. Екипа на македонската телевизија беше во основното училиште „Кирил Пејчиновиќ“. Учениците возбудени, родителите збунети, наставниците велат- подготвени за новиот начин на кој ќе се одвива наставниот процес.
