Димовски: Студантите на земјоделски факултет се иднината на македонското земјоделство
Размислувањата на студентите се во иднина да отворат бизнис поврзан со земјоделството...

Студентите од факултетот за земјоделство и храна се иднината на македонското земјоделство, смета министерот за земјоделство Љупчо Димовски, кој денеска на факултетот одржа предавање за македонската аграрна политика и состојбите во земјоделскиот сектор.
„Сакаме да ги споделиме со нив нивните размислувња и видувања, истовремено да ги презентираме политиките на Министерството од примарното производство, па се до финалниот пласман на земјоделските производи. Морам да напоменам дека во изминатите 7-8 години Министерството за земјоделство посвети исклучително внимани на соработката со научните институции“, нагласи министерот Димовски.
Размислувањата на студентите се во иднина да отворат бизнис поврзан со земјоделството.
„Се повеќе се земаат примери од реалниот сектор. Од идетите што ги имаат студентите си развиваат свои бизнис планови, за после факултетот да можат да се вклучат директно во земјоделствотот“, изјави деканот на Факултетот за земјоделство и храна Драги Димитриевски.
