Окрупнување на земјиштето во кочанско
За една година земјоделците од селата Спанчево и Соколарци во општината Чешиново-Облешево треба да имаат окрупнети парцели. Проектот за консолидација на земјиштето опфаќа речиси 500 хектари со 1.100 сопственици. Проектот е финансиран од Меѓународната агенција за храна.

Во атарите на селата Спанчево и Соколарци во општина Чешиново-Облешево продолжува окрупнувањето на малите парцели главно за производство на ориз.
Во Спанчево ќе се врши окрупнувањето на 276 хектари со 1879 парцели и 642 сопственици,а во Соколарци се опфатена 218 хектари со 1555 парцели и 491 сопственик.
Целта на проектот е да се зголеми конкурентноста на земјоделското производство, да се подобрат условите за живот во руралните средини и да се обезбеди одржливо користење на природните ресурси. Исто така, окрупнувањето на земјоделските парцели ќе овозможи зголемување на приходот и профитабилноста по хектар обработено земјиште, како и примена на модерна земјоделска механизација и производствени технологии.
Освен во оваа општина, проектот се спроведува и во битолските села Логоварди, Оптичари и Трн, селото Кожле во општина Петровец, и во селото Дабјани во Општина Долнени.
Финансиската поддршка е обезбедена од фондовите на ЕУ, а активностите ги спроведува Светската организација за храна на Обдинетите Нации – ФАО.
Методија Трајков
