Прв академски час на факултетите
Ректорот на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Никола Јанкуловски новите бруцоши ќе ги поздрави со присуство на првите академски часови на платото на Правниот и на Филозофскиот факултет, а онлајн ќе се обрати и на студентите на Економскиот факултет.

За новата генерација студенти, факултетите денеска традиционално ќе одржат прв академски час, кој поради пандемијата ќе се организира на отворено или онлајн.
Ректорот на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Никола Јанкуловски новите бруцоши ќе ги поздрави со присуство на првите академски часови на платото на Правниот и на Филозофскиот факултет, а онлајн ќе се обрати и на студентите на Економскиот факултет.
На настанот на Правниот факултет, на новите академци ќе им се обрати претседателот на државата Стево Пендаровски, а на Филозофскиот факултет обраќање најави и министерката за образование Мила Царовска.
Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ соопшти дека наставата во оваа академска година на дел од 23-те факултети ќе се одвива целосно онлајн, а на некои хибридно – онлајн и со физичко присуство поради природата на наставните содржини и методите на нивно изучување.
Свечен академски час денеска ќе организира и Факултетот за безбедност- а на него ќе присуствува и ќе се обрати министерката за одбрана Радмила Шекеринска.
