Медицината сè повеќе ја користи 3Д технолигијата
Лекарите во болницата „Мористон“, од велшкиот град Свонси, се првите кои ја искористиле 3Д технологијата во секоја фаза од процедурата...

Со помош на 3Д печатетени делови, целосно е оперирано лицето на Стивен Пауер, преживеан во тешка сообраќајна несреќа со моторцикл. Лекарите во болницата „Мористон“, од велшкиот град Свонси, се првите кои ја искористиле 3Д технологијата во секоја фаза од процедурата.
„Поминавме шест месеци работејќи на овој случај и доколку не успеавме, ќе бевме многу разочарани. Но на крајот, се заврши добро“, вели Адриен Шугар, хирург.
Иако 29-годишниот Пауер носел кацига, сепак доживеал тешки повреди, поради кои поминал 4 месеци во болница.
„Не се сеќавам на несреќата. Ги паметам петте минути пред ужасот и будењето во болница понеколку месеци. Ги скршив двете јагодични коски, горната вилица, носот, и имав фрактура на черепот“, изјави Стивен Пауер, преживеан од несреќата.
Хирурзите морале да ги искршат јагодичните коски на пациентот, пред да го обноват неговото лице.
По интервенцијата, на лицето на Пауер имало само мали белези.
„Поминав со мали отоци и неколку модринки. Бев пријатно изненаден, затоа што очекував многу посериозни последици“, додава Пауер.
Полека но сигурно, 3Д технологијата зема силен замав во сите сфери на науката.
Роберт Димковски
