Добрососедство

Заев: Гаранцијата на идентитетските прашања е потврдена со Договорот за добрососедство со Бугарија

02.10.2020 11:26

Гаранцијата на идентитетските прашања е потврдена со Договорот за добрососедство со Бугарија, тоа е македонскиот јазик и македонскиот народ, вели премиерот Заев. Изјавата доаѓа откако фокусот на официјална Софија повторно е македонскиот јазик...

Гаранцијата на идентитетските прашања е потврдена со Договорот за добрососедство со Бугарија, тоа е македонскиот јазик и македонскиот народ, вели премиерот Заев. Изјавата доаѓа откако фокусот на официјална Софија повторно е македонскиот јазик.

„Знаете дека сме фокусирани на можноста за брзо решавање на ова прашање што е исправено пред нас. Секако, гаранцијата на идентитетските прашања се потврдени со Договорот за добрососедство со Бугарија, а тоа е македонскиот јазик и македонскиот народ. Јас верувам дека сите тие документи, коментари кои излегуваат се само желба за решавање на ова четврто историско поглавие или шеста историска личност што може да биде одлична можност да нѐ сплотува, да нѐ зближува, да го јакне пријателството и слично. Ќе бидеме внимателни во коментарите заради тоа што знаеме дека треба да постигнеме решение кое ќе носи придобивки на двете страни и ќе биде за добробит и за позитивни позиции за Северна Македонија и на Бугарија“, изјави Заев на заедничката прес-конференцијата со помошникот државен секретар за енергетика на САД, Францис Фанон во Владата.

Овие историски прашања, според него, треба да се искористат како потенцијал за унапредување на севкупната соработката.

Идната недела шефот на дипломатијата Османи оди во Софија, како претходница на средбата на Заев со неговиот бугарски колега Борисов, која треба да се случи крајот на месецов.