Македонија со трет национален план за климатски промени

13.03.2014 16:43

Aко не се преземат дополнителни мерки за подобрување на енергетската ефикасност, климатските промени ќе го земат својот данок...

До 2050 – тата година потрошувачката на електрична енергија ќе порасне за 100 насто. Зголемената побарувачка  може да ја осиромаши  светската економија за 4 милјарди евра, плус дополнителни 95 милиони за нови мрежи и дистрибуција на струја, покажуваат последните податоци на UNDP. Aко не се преземат дополнителни  мерки за подобрување на енергетската  ефикасност, климатските промени ќе го земат својот данок. 

„Националниот план оценува дека емисијата на стакленички гасови ќе биде два пати поголема од 2010-та, ова главно се должи на зголемениот број стари возила. Мора да се воведат нови возила и да се обнови возниот парк“, вели Александро Фракасети, постојан претставник на UNDP во Македонија.

Македонија е прва земја во регионот која изготви трет национален план за климатски промени. Владата ќе почне да ја мониторира потрошувачката на енергетските  компани.

„Планирано е да бидат опфатени 17 комппании каде ќе се постават системи за мониторинг на потрошувачката на енергија, а ќе се понуди можност за подршка на енергетски проекти во 6 компании, како и обуки на инжењери во идустриските компании“,  вели вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски.

Сегашните емисии на стакленички гасови се повисоки за  14 насто. Според последните податоци на обединетите нации, температурата веќе е поголема од онаа што треба да ја има во 2020 – та. За да се намали, земјите  треба да се насочат кон енергетската ефикасност и зелен развој.

 

Викторија Тодоровска