Ќе се развиваат нови туристички капацитети и содржини

13.03.2014 17:03

Новите туристички капацитети и содржини...тема на владиниот комитет за туризам. Разгледани и акциските планови за развој на туризмот во националните паркови Галичица, Маврово и Пелистер.

Националните паркови Галичица, Маврово и Пелистер да се дополнат со нови развојни содржини. Тоа ќе придонесе за поголема атрактивност и поголеми можности и услови за развој на туризмот во тој дел. Автокамповите на крајбрежјето на Охридското езеро да добојат дополнителна дејност со урбанизација, односно да се изградат хотели, мотели, и други содржини кои значат дополнителен развој на специфични туристички дејности.

„Сите овие материјали кои беа разгледувани ќе ги разгледаме на седница на Влада каде што ќе утврдиме и конкретни насоки и во смисла на понатамошно постапување по нив. Но во секој случај овие проекти кога ќе бидат завршени и кога ќе биде јавноста информирана за тоа ќе донесат дополнителна корист за развојот на туризмот во Република Македонија“, изјави Александар Ѓоргиев – портпарол на владата на Република Македонија.

На владиниот комитет за туризам било разговарано и за повеќе други тековни проекти и нивниот прогрес како што се процесот на развој на ловниот туризам, лобирањето за привлекување на нови странски туристи од нови пазари преку државните субвенции за привлекување на странски туристи, можностите за промоција на Македонија на светските туристички настани и повеќе други теми.

Ана Јосифоска