Одбележан Светскиот ден на бубрегот
Превенција, дијализа, трансплантација -денеска се одбележува светскиот ден на бубрегот. Здравствените власти ги повикаа сите пациенти над 14 години да одат кај матичен лекар и да направат преглед, да дознат дали имаат или не бубрежна слабост или ризик да заболат. Годинава се предвидени 40 нови трансплантации од жив донор.

-„Сега се фoкусираме на креирање на листата на чекање, односно испитување на сите пациенти што се во моментов на дијализа со цел да се дефинира листата за кадаверична трансплантација“, изјави Mаја Парнарџиева Змејкова- директор на ФЗОМ
Центрите за дијализа се дадени во јавно приватна сопственост за да се подобри квалитетот на лекувањето. Во земјава 1500 пациенти се на дијализа.
-„Нашата желба е со бројот на предвидените и извршени трансплантации од жив донор и кадаверичните трансплантации да стагнира бројот на новозаболени“ - Душко Ѓорѓиев – здружение на бубрежно болни „НЕФРОН“
Околу 600 милиони луѓе во светот имаат оштетување на бубрегот. Се предвидува дека бубрежните болести ќе се зголемат за 17 проценти во текот на наредната деценија.
Андријана атанасовска