КОВИД-19
Словенија прогласи епидемија на целата територија
19.10.2020 10:28
Во Чешка протести против новите рестрикции...

Поради влошената епидемиолошка состојба со ковид-19, Словенија прогласи епидемија на целата територија во период од 30 дена.
Активиран е националниот план за заштита и спасување, а засега ќе се применуваат истите мерки со можност за нивно проширување. Слична состојба и во Црна
Гора чиишто власти одлучија да ги затворат угостителските објекти во уште пет општини. Се воведува и полициски час.
Новите мерки во Чешка резултираа со протести и судири со полицијата. Во Европа починале над 250.000 лица. Најмногу жртви има во Велика Британија, Италија и Шпанија.
