Водовод: Саниран дефектот на булеварот „Кочо Рацин“

20.10.2020 10:39

Протече водата за една третина скопјани. Во ниската зона тоа се случи вчеравечер, а изутрината добија вода и во повисоката, во повеќе скопски општини.

Саниран големиот дефект на цевка кај булеварот „Кочо Рацин“. Протече водата за една третина скопјани. Во ниската зона тоа се случи вчеравечер, а изутрината добија вода и во повисоката, во повеќе скопски општини.

Вчера претпријатието обезбеди цистерни на повеќе локации кои ги снабдуваа граѓаните со техничка вода.