За 58% зголемен бројот на починати од Ковид-19 за една недела

20.10.2020 14:36

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје, во периодот од 12-ти до 18-ти октомври се направени над 13.000 тестови. Регистрирани сe 2.676 нови позитивни случаи со Ковид-19. Во однос на мината недела има зголемување од 19,3 проценти.

За 58 насто е зголемен бројот на починати за една недела од коронавирус. Пријавени се 49 смртни случаи од 16 градa. 35 од починатите имале и други заболувања.

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје, во периодот од 12-ти до 18-ти октомври се направени над 13.000 тестови. Регистрирани сe 2.676 нови позитивни случаи со Ковид-19. Во однос на мината недела има зголемување од 19,3 проценти.

Најголем дел од новозаболените се од Скопје. Повеќе од 60 проценти од инфицираните изминатата недела не знаат како се заразиле, само 35,9 насто кажале дела имале контакт со заболено лице.

Има заразени од сите возрасни групи. Најзастапени се оние на возраст од 30 до 39 години. Оздравени се водат 1.089  или 25% повеќе во однос на минатата недела.