ТЕХНОЛОГИЈА

Материјал на НАСА расфрлан во вселената

26.10.2020 12:37

Материјалот од астероидот што НАСА успешно го собра минатата недела беше расфрлан во вселената.

Инцидентот се случил откако собрал толку многу материјал што камењата паднале во вратата на контејнерот, што предизвикало да се расфрлат во вселенат.

Сондата успеала да собере материјал од астероидот наречен Бен, со големина на облакодер, на околу 320 милиони километри од земјата.

НАСА наведува дека во овој момент нема да биде утврдено колку материјал е собран, како што првично беше планирано, и дека тој ќе се пресели во фаза на влечење на контејнерот во леталото и ставање во безбедна положба за да не биде загрозен дополнително собраниот материјал.

Дијана Гогова