Ковид-19

Се зголемуваат болничките капацитети и капацитетите за тестирање

26.10.2020 16:22

Како што рапидно расте епидемиолошката крива поради вториот бран на Ковид-19, се зголемува и бројот на одделенијата за прифаќање на пациентите. Состојбата во земјава е критична. Интернисти се вклучуваат, како и студентите од петта и шеста година, кои веќе помагаат во статистичките операции на министерството. Бројот на тестови исто така треба да се зголеми...

Зголемениот број на заболени со коронавирусот ги мобилизираше здравствените власти. Се зголемуваат капацитетите во болниците за прием на новозаболени. Во болницата „8 Септември“ ќе има дополнителни две одделенија. Дополнително, 100 пациенти ќе можат да бидат згрижени и во струмичката болница.

Во другите градови низ државата за третман на пациенти со ковид се адаптираат интерните одделенија. Министерот Филипче вели- се вклучуваат и приватните интернисти кои имаат договор со Фондот.

Се подготвуваат и нови капацитети за тестирање. Целта е да има до две илјади тестирања на државна сметка. Се преговара и со приватните лаборатории.

Здравствените власти очекуваат новите мерки да придонесат за намалување на бројот на заболени. Полициски час во овој момент за справување со коронакризата не е решение, потврдија Филипче и Караџоски.

 

Игор Панов