Министерот Спасовски позитивен на Ковид-19

27.10.2020 09:53

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски објави дека е позитивен на Ковид-19. Кличничката слика, како што напиша на Фејсбук, му е добра, со благи симптоми...

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски објави дека е позитивен на Ковид-19. Кличничката слика, како што напиша на Фејсбук, му е добра, со благи симптоми и веќе е во домашна самоизолација.

„Почитувани, би сакал да ве информирам дека и покрај строгото почитување на мерките коишто ги преземам за моја лична и заштита на луѓето околу мене од почетокот на пандемијата, вечерва добив позитивен резултат за Ковид-19. Клиничката слика ми е добра, со благи симптоми и веќе сум во домашна самоизолација. Чувајте се“ - наведе Спасовски синоќа во објавата на својот Фејсбук профил.