Град Скопје

Пожарникарите ќе протестираат, без договор заврши средбата со Шилегов

27.10.2020 14:16

Тензично, без договор заврши средбата на пожарникарите и Шилегов. Тие бараат половина плата и исплата на надоместоците, градоначалникот им понуди медијатори со став дека така побрзо и финансиски побезболно ќе ги добијат парите за кои има судска пресида...

Кавга наместо договор. Тензична средба на пожарникарите и Шилегов. Тие бараат повисоки плати, градоначалникот им нуди медијација за да ги добијат парите за ризик на работното место наместо да тужат поеднинечно. Рече дека засега нема законски основ за покачување на платите и најави измени во Законот за пожарникарство кои треба да стапат на сила во јуни наредната година.

Пожарникарите на Град Скопје не се задоволни со денешната понуда на градоначалникот. Најавија дека секој ден ќе протестираат пред градското собрание.

Пожарникарите протесираат поради неисплаќањето на надоместокот за опасност при работа, за кој пред 18 месеци судот донел пресуда во нивна корист, а градот се уште не го вметнува во плата.

 

Ана Јосифоска- Тодоровска