Советот за безбедност ќе расправа за состојбата со Ковид-19

29.10.2020 09:48

Претседателот Пендаровски го свика Советот за национална безбедност. Покрај редовните членови по функција, ќе присуствува и министерот за здравство, Венко Филипче...

Претседателот Пендаровски го свика Советот за национална безбедност. Покрај редовните членови по функција, ќе присуствува и министерот за здравство, Венко Филипче.

Пред Советот ќе реферира за актуелната ситуација со пандемијата на Ковид-19 на територијата на државата и за мерките и активностите на надлежните институции, соопштија од кабинетот на шефот на државата. Најавено е обраќање на претседателот Пендаровски по завршувањето на седницата.

Во меѓувреме, забрзано расте бројот на заразено со Ковид-19 во земјава. Нов рекорд во црната ковид статистика вчера. Регистрирани се 870 нови случаи, од направени 2.647 тестирања. Речиси половината од нив се во Скопје.

Во болнички услови починале 14 лица, тројца пациенти од Скопје, тројца од Куманово, двајца од Прилеп, по еден од Дебар, Тетово, Велес, Струмица, Радовиш и од Кратово. Институтот за јавно здравје регистрира 292-ца оздравени пациенти.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 28.697, починаа 963, а оздравени се 19.771 пациент. Активни случаи има 7.963.