Прибирање податоци од земјоделски стопанства

29.10.2020 10:04

Се надоградува националната мрежа за прибирање на сметковотствени податоци од земјоделските стопанства. Информациите кои се добиваат од фармерите се обработуваат и се користат за креирање на земјоделската политика. Европската комисија во последниот извештај вели дека во оваа област е постигнат добар напредок...

Прецизни податоци за рентабилноста на фармите, производствените трошоци и остварените приходи, се дел од националната мрежа за прибирање сметководствени податоци од земјоделските стопанства, таканаречената ФАДН.

Проектот за Прибирањето на податоците, беше финансиран со средства од европските предпристапни фондови и почна во 2010 година со учество на 300 земјоделци.

Тој број сега е зголемен на 700, а фармите се класифицирани по економската големина и по типот на производството.

ФАДН или националната сметководствена мрежа е единствената  база за економско-финансиски податоци од земјоделските стопанства во земјава.

Нејзиниото функционирање ќе се надоградува со можност за креирање ефикасни земјоделски политики, следење на трендовите и промените во аграрниот сектор за поголеми приходи  и поголем профит на земјоделците.

Европската комисија во најновиот  Годишен извештај за земјава оценува дека е постигнат добар напредок во усогласувањето на Мрежата за сметководствените податоци на фармите со Европската Заедничка земјоделска политика.  

 

Методија Трајков