Пристигна новото санитетско возило во струмичката болница
Експресно, за само два дена, по реакциите во јавноста, пристигна новото санитетско возило во струмичката болница. Директорот Гогов вели дека имаат зголемени капацитети за транспорт на болните, откако Струмица станува жариште со корона вирусот...

Пристигна новото санитетско возило во струмичката болница. Експресно, за само два дена, по реакциите во јавноста, откако директорот на својот Фејсбук профил побара донации од граѓаните за набавка на возило, а власта излезе со став дека нема потреба од донации, а возилото ќе биде набавено во најбз рок. Директорот Наќе Гогов вели дека сега имаат згоелмени капацитети за транспорт на болните, откако Струмица станува жариште со корона вирусот.
Превозот на болните и големиот број заболени од Ковид- 19 не се единствениот горлив проблем што го решаваат во општата болница во Струмица. 12- те заразени медицински лица од сите одделенија го доведуваат во прашање нормалното работење на болницата и навременото давање здравствени услуги.
Од Владата најавуваат дека до декември во општата болница во Струмица ќе пристигне уште едно санитетско возило. Досега, болницата имаше две кои максимално беа употребени за транспорт на болни од Ковид до болниците во Скопје, со што болницата ја оневозможува да даде квалитетна здравствена услуга на другите пациенти.
Струмица со 560 активни случаи на вирусот котира виско на табелата и е трет град со најголем број активни случаи.
Стојне Митева
