Комисијата предлага угостителските објекти да работат до 21 часот

02.11.2020 16:01

Причината е енормното зголемување на бројот на инфицирани последниве неколку дена. Се очекува предлогот утре да се најде на владина седница и да биде прифатен.

Министерот за здравство, Венко Филипче изјави дека ќе ѝ предложи на Владата ограничување на работното време за примање гости на угостителските објекти, кафулиња, кафе барови до 21 часот. Ова е одлука по препорака на Комисијата за заразни болести, по денешниот утрински состанок.

Причината е енормното зголемување на бројот на инфицирани последниве неколку дена. Се очекува предлогот утре да се најде на владина седница и да биде прифатен.

Ова соодветствува на досегашната одлука за забрана на групирање до 22 часот.  Угостителските објекти кои што подготвуваат храна се предлага да може да работат и по 21 часот, но само за подигање на храната или за разнесување од страна на угостителскиот објект, но не и да примаат гости.

Соња Стојановска